Стереотипите во медиумите и нивното влијание врз публиката

Медиумите имаат огромна моќ да обликуваат ставови и перцепции. Еден од најчестите начини е преку стереотипи – поедноставени и често неточни генерализации за луѓе, групи или ситуации. Иако понекогаш изгледаат безопасно, стереотипите можат да создадат предрасуди, дискриминација и да ја засилат нееднаквоста во општеството.

назад кон сите лекции
Со токсична пропаганда до стереотипи за убавина

Со токсична пропаганда до стереотипи за убавина

Перцепцијата за убавина кога е во прашање физичкиот изглед на луѓето постои со векови, а традициите во различните култури и народи во минатото наметнувале разни критериуми за тоа што е убаво. Но, од минатиот век со забрзаниот развој на текстилната и козметичката индустријата расте и пропагандата која дефинира нови калапи за убавина, пред се кај женската популација. Модните куќи и компаниите од козметичката индустрија обидувајќи се продадат што повеќе производи и услуги преку различни канали промовираат модели за убавина кои во практиката се недостижни за поголем дел од популацијата. Континуираната трка да се достигнат новопоставените стандарди за убавина често резултира со нарушувања во исхраната, анксиозност и депресија и ги зголемува здравствените трошоци.

Прочитај ја целата вест на следниот линк