Меѓународен пакт за граѓански и за политички права
Резиме на Меѓународниот пакт за граѓански и за политички права
(Неофицијално резиме)
Овој пакт беше усвоен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации на 16 декември 1966 година и стапи на сила 23 март 1976 година. До мај 2012 година, Пактот беше ратификуван од 167 држави.
Пактот понатаму ги елаборира граѓанските и политичките права и слободи наведени во Универзалната декларација на правата на човекот.
Според член 1 од Пактот, државите се обврзуваат да го промовираат правото на самоопределување и да го почитуваат тоа право. Исто така, ги признаваат правата на народите за слободно владеење, трговија и располагање со нивното природно богатство и ресурси.
https://www.coe.int/mk/web/compass/the-international-covenant-on-civil-and-political-rights