Просветителството во Македонија
„Слово за празниците“ од Кирил Пејчиновиќ
„Слово за празниците“ е проповед со која Пејчиновиќ се обидувал да го подучи македонското население за моралот. Во словото, тој води дијалог со соселаните за прашања од секојдневниот живот, па така успеал да даде слика на општествено-политичките односи во тоа време.
Линк до делото: https://digitalna.gbsk.mk/viewer/show/313#page/n57/mode/2up
„Разговор или прави человек“ од Јордан Хаџи Константинов-Џинот
Драмските текстови (обиди) на Џинот можат да се поделат во три тематски групи: текстови за подигнување на патриотската свест кај народот, текстови со морализаторско-дидактичка содржина и текстови од класичниот период. Драмската сцена „Разговор или прави человек“ спаѓа во групата драмски текстови со морализаторска содржина.
Јавление одно
БЛАГОЈ:
И многу пути сум искал да кажеш што е прави человек; но времето не ме допуштало, и не ме оставило, и не сум можел да најдам и прави граждани да им јавам.
ДОБРОЉУБ:
Зашто до сега не си казал и не си јавил; не знаеш ли што-то человеците љубјат доброто!
БЛАГОЈ:
(Погледна низ прозорците и виде един сељак по путо, и сос голем глас повика) Пријател! Пријател! Изволите ако Бог знаете! (Сељако дојде)
СЕЉАКО:
Добар вам ден! Помагај вам Бог!
БЛАГОЈ:
Что е това пријателе, добар вам ден и помагај вам Бог? Не биваше ли само да речеш добар вам ден?
СЕЉАКО:
Како ви е имја молиме да нам јавите.
БЛАГОЈ:
Благој ме зоват. Другаро ми Доброљуб го зоват.
СЕЉАКО:
Благо да правите Богу, и доброто да љубите всегда. Добар ден Бог да вам даде, добро да правите, никого да не завидите, да не оглобите, да не излажете, да не нахулите, да не будите с’зливци, денот добри неправедно да не го изгубите, во псовти и клевети да не го поминете, сос лукаво срдце да не го пројдете, сос блуд и пијанство да не го испоганите. Ето ова се зове на утро: Добар вам ден. И за това говориме добро утро, добар вам ден. И ден бива добро от человек а не от дено человек, зашто дено ништо не прави, а човеко прави всичко. Ако прави добро, дено ест ден. Но ако прави зло, дено е вечна мука. Е, мој Благоја, аз сум сељанец, не знам ништо. Немој да ми се смеете на мојата селска простота. И друго ќе вас питам мој драги Благоја. Денот има дванадесјат сахата (часа), что требува во тија сахати человек да чини?
БЛАГОЈ:
Да нам опростиш, не можиме да ти кажиме.
СЕЉАКО:
Первијат сахат человек да рече: От земља сум, и што год радим, земља е. Во вториот сахат да рече: на века и добро и зло има; но аз сум человек. Д’лжан сум добро да правам; Во третиот сахат човек да рече: три времиња Бог нам оставил, сум се родил крстен и христиански да поживеем во закон и вера и чисто срдце. Во четвртиот сахат да рече: четири дара да ми даде Бог – мудрост, целомудрие, мужество и чистота. Во петиот сахат да рече човек: Бог ми дарувал ум, разум, мисла, памет и чувство, и да поступам човечки, сос почтени очи, со сладкопослушливи уши: сo сладкоречлива уста, с мужски руци, да работиме човечки. Во шестиот сахат човек да рече: шест сахати половина ден, а мене на полу ми отбега сладката живот, и ме чека љута и грдна смрт: но да сум готов сос добри работи и право човечество. Во седмиот сахат човек да рече: седум векови приближиха, и Бог Исус Христос има да суди живите и мертвите. И седумте векови сја наши зли работи в завист и ненавист, и гордост, и блуд и високоумие, и униние – ајлеглук. Во осмиот сахат човек да рече: но смртта наша осми век не чека, а осмиот век никогда нема довршок и он се дели на Рај и вечна мука, којто заслужил за во Рај има да се насладуе во вјеки вјекими, но кајто заслужил за вечна мука има да се мучи во вјеки бесконечими. Во деветиот сахат човек да рече: на девет сахати Господ наш Исус Христос умре, ради нашите грехове и аз за Богa мој да уморам моите али кусури (пороци) да испудам от мене лукавото чифутско срдце. Да последувам по Исуса Христа. И Христос ќе прати девет ангелски чинови да нас кренат. Во десетиот сахат човек да рече: да последувам по патот мудри евангелиски девојки, и да отбегам от петте луди девојки. Мудрите девојки се покајанието и доброправањето. А лукавите девојки сја зло правењето и не христијанството. Мудрите девојки сја мудрите христијани. Но лудите девојки сја лудите и махнити христијани. Во единадесјатиот сахат човек да рече: имаме старост, требува от младост да работиме и да се трудиме, малку на старост да отпочинеме. Зашто човек до тридесет години чест и вера между човеците и ако не придобие, до гробо му без чест и без вера ќе си биде. Во дванадесетиот сахат човек да рече: Хваљу тебе сладкиј Господи Исус Христе сине Божји. Благодарам ти Господи, зашто ме запази денеска сички дванадесет сахати ги поминах с право човечество и добро христијанство. Но сега еве ти запалуем светилнико (кандилото), масло турам милост да отворим на всичкото христијанство, после на моите чади; както што свети светилнико пресвети христијане во слога и согласие, љубов и учение. По това мој Благоја, ако си женет и чада ако имаш, собери ги около себе, перво жената поучи со благи речови и домакински, после и чадата твои и настави ги по Христовиот закон да ходајат и прамо човечество да имајат. После тури хлеб да вечерате, колку кому Бог им дал, и кажи на твоите чада, зашто хлебо и друго јастие крепат телото; но науката и мудроста крепат верата, и душата, и правото човечество. Ете ова сја дванадесете сахата во добар вам ден!
БЛАГОЈ:
(Падна и му се поклони на сељако и повика) Дај да ти целивам рука! Зашто никој ова до сега не ми го кажал. Та ти не си бил селанин, но ми сме сељани, живееме во град, ма позагубени от селани. (Му целива рука)
ДОБРОЉУБ:
Дај твојата рука, и аз ќе ти ја целивам. Граѓанин сум, но за што сум? Само за да се напијам! Но и от вера и закон ви познам. (Се поклони и вера му целуна)
СЕЉАКО:
Живи будите! Живи били! Но ќе вам докажем, что ќе се рече „помагај вам Бог“.
БЛАГОЈ:
Благодариме те мудри човече, кажи нам, слушаме от всичко срдце и душа.
СЕЉАКО:
Помагај вам Бог, на секого христијанина бог му поможуе, Бог наставуе, Бог го подкрепјава. Здравје и веселост и родење му дава. Бог на всекиго христијанина му поклања љубов, братољубие, еднодушие, разум и человечество. Бог на христијаните им поможуе сос живот праведна, и вера чиста и совет за учение. Ете ова е: помагај вам Бог.
БЛАГОЈ:
Молиме те, да нам кажеш зашто појат петлите?
СЕЉАКО:
Петлите са образ человечески. Како петело на всјакои сахат нешто да пое. Тако и ми христијаните д’лжни сме во сијанието ноштное да сме во страх готови на всјакој сахат да славиме името Христово. Во кој час ќе се разбудиме да славиме пресладкото име Христово. Ете ово е што појат ноште на всекој час петлите. И во зората најмногу појат, знак е на христијаните, како от постелата ќе станат да се измијат и весело пред свјатиите икони да појат и Богу сја мољат, и Бог да благодарим, зашто невредимо преноштуваме ношта.
БЛАГОЈ:
Казуват, самовили ноште имало под стреите, и на раскрсниците, и под старите растје и брестови?
СЕЉАКО:
Самовили или самоволни. Самовили нема, нито имало. Но самовили сја лошите жени, ќудливите жени, многозбрливите жени. Кои муж не може да ги повела, тие се викат самовили, сиест самоволни, по своја волја. Самовилите седеле под стреите, и лошите жени седат пред вратите, и по улиците-сокаците. Самовилите седеле на раскрсниците. И самоволните жени по чуждите куќи. Кои жени ги мрзи да радат, они милујат дните да си ги губат, из гости на густјање. Самоволните жени хуљат, клеветат, на своите мужи враќат, от мужи повече говорјат, на блуд ходјат, своите мужи не почитујат. От бога и от свјатија Богородици не се бојат. Срам немат. Ете овија се самовили, а други самовили немало, нито има.
БЛАГОЈ:
Казујат вештици имало, што им јале срдцата на малите деца. Кои се тија вештици?
СЕЉАКО:
Брате мој, вештици не имало, ни па има. Но вештици сја тија жени, които бајат, магии правјат, сонови казуват, оградисујање приказуват, които подведујат, младите жени и девојки ги лажат, бесрамно говорјат, и како и јавно псујат, и крстами и хлебами виносјат, вештици се говорјат и онија жени, които на млади момчиња за жени им приказуват, а на жените за момчедија им приказуват, вештици се викајат и тија жени които на неженети мужи им служат, и при них седат. Ете, ова се вештици.
БЛАГОЈ:
Казуват, јале срдцата на децата?
СЕЉАКО:
Една стара жена, кога ќе приведе една млада жена при некој муж да блудуе, това се вика срдцата ќе им изеде и на мужо и жената, а срдцата се викајат верата и христијанското живење. Е, мој Благоја, многу има таквија вештици и денеска во странен ответ Богу они да воздавајат.
БЛАГОЈ:
Казуват, вампири има. Кои са тија вампири?
СЕЉАКО:
Вампири сја човеците несмислени, човеците неразумни. Некој остарел и не се показуе, но прави стар блуд, и се опива, и што не знае вика знам. Он е вампир. Един стар човек љубеше, да се хвали и да се к’лне, и да зборуе как праздна воденица, и не отбира што е добро, и што е зло. Тоа е вампир. Ете, тоа е вампир, брате мој. Сега да вас оставам, за љубов и право човечество. Будете христијани. Будете мужи. Будете склонни!
БЛАГОЈ:
Молим те, како те зоват по име?
СЕЉАКО:
Умноуст, и сбогом остајте! (Си отиде)
ДОБРОЉУБ:
Брате Благое, виде ли прави человек и прави гражданин? Како от устата му течеше мед и млеко и това ни доказа, штото никој до сега не ни казал. Он не е сељак, но ми, зашто, ако да нè попита некој зашто сме христијани, не знаеме да се одговориме. Но да наставиме нашите чада да по путо на вистината, и во добро учение и мудри учители, поне – барем – чадата наши да се научат.
У Скопје, 12 март 1851
Ј. Х. Константинов, Болгарскиј чинов
Извор:
„Книга за Џинот“ од Гане Тодоровски (Матица македонска, 2004)
„Таблица перваја“ од Јордан Хаџи Константинов-Џинот
Прво дело на Јордан Хаџи Константинов-Џинот е „Таблица перваја“ (1840). Станува збор за практичен школски текст, учебно помагало што се употребувало и во други словенски земји. „Таблица перваја“ содржи 23 реда, со одреден број афоризми организирани во две колони на една страница. Таа е делумна преработка на Доситеевата „Ижица“ и се смета за еден од првите преводи од српски на македонски јазик.
ТАБЛИЦА ПЕРВАЈА
От бога бој, се, од најголем цар и Господар и Судија.
Бегај от неправедно богатство; не се срамуј, говори што е право.
Не суди по хатâр, ни сиромаха ни богата; на сиромаха не се ругај: поможи му колку можеш; којто нема подај му што можеш и не речи чекај до изутрина.
Блага реч гвоздена порта отвора; добра реч е драги камен.
Чувај се от туѓа крв: ако носиш оружје, брани се сос него, а не убивај.
Верен биди на комшиите си: не им завидуј којто се поголеми од тебе.
Златољубецо којто љуби злато, во веки е сиромах.
Обуздај (забтици си) љутината, кога си срдит не говори ништо.
Не биди како хâрслан во куќата ти, избеснет во табието си.
Што сакаш да кажиш, секому не кажуј, зашто не може да ти чува зборо.
Дигни го оног человека којто е паднал, зашто сичките можеме да паднеме.
Славата избезчеста на человека од зборот, и од јазикот отпаднуе.
Јазик сладок умножуе пријатели, од враговите твои истервај се а от пријателите си тврде добре чувај се.
Пријател верен покров јак, пријател вечно е врач (хеким) на живота.
Лош человек од триста кучина полош е, зашто ним ќе им дадеш по едно залаче хлеб, ќе се разберат, ама лошио чековек не се разбира никак.
Ако бидеш себе лош, ами на Бога и на народа како ќе бидеш добâр.
О 6рате, со сладости примај ги овија речи.
(1839/40)
I
Човек е роден да се мучи, да плаче, и на ден да умира.
Човек човека јаде, пие и коските му изглодуе, па и мозоко от малите коски ќе му изсмошка (изцица).
Човек се горди, завиди и ненавиди, лукавнуе и убива, тело и душа, телото с орудие, нож или пушка или секира, а душата с блуд и погани мисли и помрачение умно.
Човек лаже, ласка, клевети, и е неблагодарен.
Човек чини добро, мисли добро, иска добро, љуби Бога, почитуе људието; човек чини зло, мисли зло, иска зло, љуби дјавола, почитуе злите човеци.
Човек все мери с мерило, а себе неќе да се измери.
Човек телото си мери дали се е угоило, а душата, срдцето, умо, мислата, јазика брблив, неќе да си ги измери.
Човек од работата дневна ноште се починуе, а от злото наклонение неќе да се отпочини никогда.
Човек е непостојан. Човек е с 18.000 лица, с 28.000 уши, без очи, зашто што не види проповедуе и осудуе, а што види това все у чаршија е наредено; човек е постојан, зашто стој и чини упорство – инат – докле злото го стори, како крмак се бори.
Човек прво за себе мисли, па после 160 часи за Бога, и това докле го излаже, а калуѓер по седм дена мисли за себе, па после 683 дена мало нешто за Бога, зашто мисли за 2.000 шиника жито, за 14 вола, за 32 овци с јаганци, за 250 руна волна, за 48 бачила да пројде за маст и сир, за 12.000 јаица, за 80 мисири, за 39 гуски, за 60 патки, за 804 кокошки, 300 шиника пченка мумуруска, за хилјадо ока грах, за 364 ока леѓа – сочиво, за граор, бакла, уров, расол, кромид, прас, лук, и за 200 ведра вино, и 1.000 ока ракија, итд. итд. итд. После всичко зимо вино пелинач и топла ракија с шеќер ќе пие, да Богу угоди. Христе Боже видиш ли от небото?! – Види! Види! –
Човек може да придобие сто хилјади пријатели, само ако може да ги гоштева и пој, а они можат да му ходат на негова свинска волја 800 години само он ако ги храни и пој с вино и розолии, а исповедниците ќе му допуштат на 24 пути да узими тајн Божиј в една година, ако е блудник и убијца и пијаница, нек се причести на свјатиј Тедор, зашто това блудство
и убијство и пијанство е нехотение го е направил, та не е ништо. И тој човек кои е имал сто хилјади пријатели, ако среќата му се преобрати в несреќа, и пријателите ќе се преобрадат да го хулат, да го безчестат и да го истават како брбушка на цедило.
Човек ако рече имам пријатели, он лаже.
Човек ако рече имам Бога, требе да трпи.
Човек ако рече је сам добр, требе да не лаже.
Човек ако рече је сам паметен, требе никого да не осуди, да не похули, да не оскрби, и с мера да говори и како крмак да се не бори.
Човек е произведен од чувство, човек е мошне мали створ колку слачицно зрно, колко паужина, колко свилена буба, колко снегова грутка, колко огнена искра, најпосле колко една капка водица.
Човек треба да се чува и да молчи от човека и пред човека. Човек да се не чува от волк и магаре, и пред них да не молчи. – Зашто от човека ако се не чуваш он ќе те изеде како волк, а ако не молчиш, он ќе те познае да си магаре. – А ако се не чува от волко, он не обитава при волци, а ако не молчи пред магарци, треба да вика како магарец.
Човек треба добро да се влада, но с добри човеци да се влада, а владане е производно от волја добра и валјанство, а со тија он што ќе се влада, ако се неучени, ќе му речат дошол от безтрага да ни развалја работите наши. Не знае с нас да се влада. Они ако свински се владајат, го нудат и он свиња да буде, и меѓу волци како волк да урлика. (Стеиќ)
Сирома човек не е никако!
Човек може да е човек само он ако иска.
Човек има 12 пријатели и с ни може најблагородно на овој свет да поживее.
Кои се тија пријатели?
1. Бог, кој е всемогуштиј, всесилниј, всештедриј, безсмертниј творец и создател, он е верен и искрен и најљубим пријател и скориј помошник.
2. Чисто срдце, чиста мисла и мирна душа.
З. Молчание на јазико и моление с јазико.
4. Работа и труд.
5. Чистота на телото, на очите, на ушите.
6. Мужество и великодушие.
7. Трпение и кротост.
8. Доволен и на најмалкуто.
9. Благодарен на всешто.
10. Љубезен према всичките.
11. Обнадежен от Бога.
12. Верен на закона Божието.
Ја сам човек, но немам никакво човечество, а имам и малко човечество.
Човек ме лаже, човек не лажам.
Човек много зло ми сторил, човеку зло не сам сторил.
Човек ме гонил низашто, човек ме е безчестил, човек ме е псул, човек ме е предал на Турци, и Турците мe судиле и ме изгониле, човек ме е изел како куче коска кога јаде. Човек не ме е оставил да работам еднаш у Велес седм години, а у Скопје три години, човек разори Витлеемските 14 хилјади деца, и в Скопје всички деца; човек е расипач с копач, но тој кој е расипач, сам себе се расипуе, Бог е праведниј судија и о(т)мштение!
Имал сам у Велес сто и педесет пријатели, всекои от них по 18 хилјади злоби ми даде, а Цинцарите душата искаха да ми сокрушат.
Ми рекоха не знаеш да се владаш. Кои ми рекоха?
Тија кои не знаат што е Наука, што е Историја...
Учен човек ми е рекол хвала ти на многото твое трпение! Зашто ја да сам Боже сохрани! ни един минут би ги нетрпил.
Тија 18 хилјади злоби ми сториха от нихното незнание, и вси от мене се отрицаха. Зошто?
Зашто се човеци прости, човеци без училиште, човеци кои искат да ги хвалиш, да им кажем как лета нихното магаре, и се огледуе нихниј вол на огледало.
В Скопје имах до 2.000 пријатели, и вси с един глас ме благословуеха и хвалеха, сега немам ни един.
Човеци скопски сто хилјади пута повече ме безчестеха, него велешаните. Скопски човеци несвидни, провлечени, изелици, многојадци, погутавени, пред нози си гледат, а един на друг преко много зло си чинат. И мене безброј зло ми сториха, ја им проштевам, зашто не знајат што прават.
Зошто седиш при них кога се лоши?
Седам за преглед, да видат како им затривам лошото и как љубим доброто.
Велешки човеци все без да престанат зло ми чинат, но Богочеловек добро ми чини, та от нихното зло се не боим, и Богу сам се предал.
Скопски човеци без да се починат зло ми прават, но Богочеловек хилјадо добра ми е дал, човеци ме безчестат, но Бог ме почитуе.
Скопски човеци искаха ни поштуката да ми се не чуе, но Бог всегда ме е разчул, та скопски човеци са изгубени и памет немајат, толку зло што ми сториха.
Волк ако грабнал овца да дави, да му свикајат ќе ја остави, а скопски човеци мене искаха да ме искинат, им привикаха от много страни, они како луди и пијани все што можеха ми сториха.
Зашто?
Зашто добрите скопски човеци ги учех да будат оште подобри, и оште има добри скопски човеци.
Човек! Човек добр много е добр, а човек злопамтилен и от вси духове е позол.
Човек ме е обрал, човек ми земал еднаш 2.000 гроша, еднаш 1.000, другогаш 500 гроша, еднаш 80, другогаш 75, а еден 150, друг 130, друг 40 гроша.
Скопски човеци кога ме гонеха потроших 16 илјади гроша, пријателите ме излагаха, ништо не ми спомогнаха.
На пријатели сам раздал 50 псалтири и 50 наусници (со часословци), на калуѓери сам раздал 30 псалтирци и 30 часословци, истории и разни книги сам раздал 2.500 без пари, без пул. На пријател сам дал дар 58 крстови от инорок, 26 рала хубави бројници на них по 6 зрна келибар и крстовите от келибар. На г. Никифора Ужичкиј владика дар сам му дал
едно Енголпие велико от инорог. На г. Александра Екзарха дар сам му дал 16 рукописни книги и 5 нови и З харти землеописани и хилјади разни писма. Никој мене нема ни две пари да ми даде! Па колко давам дар, толко више Бог от невидимо ми дава, и оште ќе ми даде, и оште подобро ќе будам.
Сега на Србското учено Дружство сам почнал да му давам, но не знам да ли оно ќе препознае, и да ли ќе ме благодари.
Човек човеку пријател не може да му буде, па може и да му буде, а мене не, зашто милио пути сам пробал, та! вече не верујам.
Господ е мој пријател, мој покров, помошник и избавител, сега много добро ќе ми даде и това, скоро, скоро, амин Боже и Господи смилниј!
Оваја песна ја пое Јордан Х. Константинов.
Чинов Трајков
1З апрел 1856
Скопје
Забелешка: На левата маргина на 4 страна забележано:
Сирома Јордан Х. Кочов! Давај да ти дадат едно парче хлеб
да глодаш.
II
Плачам и ридам, за тридесјат и четири лета „Помјану дни древнија и поучајусја"
1. Много жално ми е, зашто не сја познах сам себе.
2. Живим, но кога никакво добро да сотворам не можам зашто ми е таквија живот?
3. Зашто ми прејде толко време кое не могох да го познајам? – Знак е да још не сам се познал.
4. Зашто не можем разумет кољко от смерти тежини имам? – а от живота кољко неспоразумении? – Знак е на тела глупости.
5. Каква е пријатељштина между смерти и животје?
6. Ето тридесет и пет години сторих, ни един прав пут не направих, штом ходит буду по него.
7. Зашто неразуми от ума да раздвоим неможам? – Това е знак још не ми сја здрели вси мои чувства.
8. Велика ми е срамота, кога грешам неуредно како праведен лаж. – Това е знак да скоро имам се познат себе.
9. Ако умрам, зашто по смерти тумарам? – Но ако жив будам зашто нерасудно умирам?
10. Млад сам! Ако остарејам, зашто не украшавам староста? – аколи е честна староста, зашто лудујам?
11. Безчестен сам! Това е от незакључен јазик. Ако го закључам? Па честен ќе будам.
12. Зашто човеци низашто ме имат? Зашто још в ништо познат нисам.
13. Зашто неќат ме познат човеци? – Зашто не си ги познал, за това.
14. Неучен сам! Затоа плачам. Хвала за това! Ако страх Божии имам, и срам от народ, наичиќу се.
15. Днеска сам изгубен! Не треба се бојати. Зашто, древото планинско ако би права греда било, не би го делкале.
16. Много сам уплашен от ового века? Не е човечки да се плашим! Зашто само кој е зликовец се плаши.
17. Незнам што и как да правам? – Трудот и умни човеци, ќе те научат.
18. Ах мене! Што ах мене? Благодарение Богу все от как сам се родил трудим се, ленивци и денгубци нека ахкајат, кои се мршишта скапани.
19. На оваго света зашто сам? – за добро да правим и човек да будам, и кога ќе умрам да ми речат: Бог да му душа прости!
20. Зашто газим землјата? Ако газим землја сам. И што му драго да сам, замлја сам; и все светски достоинства да сам па замлја сам.
21. Црн и темен сам? Ако сам от зли привички, нисам Зенон философ не може ме обелит.
22. Ах век, ти ќе ме умртвиш! Но ти живот зашто в смрт ме носиш?!
23. Човечеството мое неучено! Зашто човеци раздражаваш? Зашто не се спитомуеш от умни људие?
24. Човечество мое! Лице и подобие Божие имам, но мисла и расудие и срдце ѕверски имам; неќу таков да сам! –
25. Па в умје ми дојде да речам: довека ли жив ќе будам? Никој довека жив не бива, само едно добротворење е безконечно живо. –
26. Зашто в другего гледам в очи да има сламка, а мојата греда не ја гледам? Зашто сам слеп. –
27. Зашто осуждувам брата моего? Зашто ми е нос повелик от него, а хрнки како љуљи. –
28. Зашто скаредно говорим? Зашто сам муха фараонова. –
29. Зашто сам многоговорлив и необуздан в јазика? – Зашто сам коњ без оглав и полна воденица! –
30. Зашто другему завидим? Зашто себе да се видам неможем.
31. Труди се много! – Трудиќу се.
32. Учи се право! – Учиќу се.
33. Молчание резание трн, трн мужа словесна.
34. Сеј брашно в пепел , пепел јасти хлеб. Муж наковална,
наковално биемо верно, верен друг наковално есм.
9 Новембр 1856
Скопје
Ј. Х. Константинов
Извор:
„Книга за Џинот“ од Гане Тодоровски (Матица македонска, 2004)