Барокот во литературата

назад кон сите лекции
Драмата „Животот е сон“ од Педро Калдерон де ла Барка, звучен запис

Драмата „Животот е сон“ од Педро Калдерон де ла Барка, звучен запис

Драмата во барокот е разновидна. Во неа доминираат историски и филозофски теми како и теми од секојдневниот живот, но речиси секогаш до одреден степен драмата ја претставува барокната двојност на човековата свест. Главен претставник е Педро Калдерон де ла Барка (1600 – 1681), автор на поетско-филозофската драма „Животот е сон“, која е напишана во стихови и содржи три чина. Низ стиховите на драмата се застапени барокни стилски фигури (мноштво метафори и антитези). Атмосферата е во барокни бои, црно-бела слика на животот и прашања за тоа што е, всушност, животот и каква е разликата помеѓу сонот и реалноста.

 

Линк до записот: https://nssrm.org.mk/zhivotot-e-son-pedro-kalderon-de-la-bar/

 

Извор на сликата: Fondo Antiguo de la Biblioteca de la Universidad de Sevilla (Википедија)