Слушање со разбирање
Вештачка интелигенција
Поткаст: Младите можат – Генерација ММ.
Тема на разговорот: Вештачка интелигенција
Говорници: проф. д-р Ѓорѓи Маџаров (ФИНКИ) и Стефан Палитов (режисер и истражувач на нови медиуми)
Водител: Никица Манџуковски
Говор: Марија Димишкова – За дамите
Настап на Марија Димишкова на тринаесеттата ораторска вечер „Иво Пухан“, 2009 година.
Поткаст: Медиумската писменост и менталното здравје на младите
Какво влијание имаат социјалните мрежи врз животот на младите? Како да се сочува менталното здравје во дигиталната ера? Како влијае медиумската писменост врз процесот на рационално користење на социјалните мрежи?
Линк до целиот поткаст: https://www.radiomof.mk/podkast-mediumskata-pismenost-mozhe-da-go-sochuva-mentalnoto-zdravje-na-mladite-vo-digitalnata-era/
Вест: Локалитетот „Манчевци“ крие вредни мозаици
Манчевци – археолошко наоѓалиште во Охрид. Претставува базилика од старохристијанското време (IV или V век). Откриена е во 2009 година при изведба на градежни работи на две поединечни куќи во старото градско јадро на градот. Во 2012 е конзервирана и презентирана на јавноста. Базиликата е специфична по своите мозаични подови, кои ги има во позначителен број.
Извор на фотографијата: Rašo (Википедија)
Линк до веста: https://play.mrt.com.mk/play/591145
Интервју: проф. д-р Ана Фрицханд за влијанието на интернетот врз младите
Интернетот може да влијае и позитивно и негативно зависи како, колку долго и за кои цели се користи, вели проф. д-р Ана Фрицханд. Исто така, таа предупредува дека адолесцентите се најризична група за развивање зависност од интернет.