Граѓански активизам и волонтирање
Како да постапуваме при опасност
Во случаи на елементарни непогоди, како што се пожари, поплави или екстремни временски прилики, многу е важно да останете смирени и доколку има воспоставен протокол, истиот да го следите. Ова подразбира да ги следните инструкциите од наставниците или стручните лица, да се поместите на некое безбедно место и да останете со својата група. Доколку сте во можност, помогнете им на другите кои имаат потреба од помош. Важно е размислувате смирено, да постапувате одговорно и промислено и да соработувате со другите, на тој начин се зголемува безбедноста на сите.
Земјотрес: „Кога почнува тресење, заштити се под стабилна маса и оддалечи се од прозорци.“
Пожар: „Напушти ја просторија без паника, не користи лифт и следи ги упатствата на возрасните.“
Поплава: „Оддалечи се од вода, исклучи струја ако е безбедно и следи службени инструкции.“
Силно невреме: „Не стој близу дрвја, електрични столбови и отворени простори.“
Кризни ситуации на училиште: „Почитувај го евакуацискиот план“.
Надлежни институции
Центар за управување со кризи: https://cuk.gov.mk/
Дирекција за заштита и спасување: https://www.dzs.gov.mk/